ЉУБОВТА НЕ ПРЕПОЗНАВА ВОЗРАСТ, НО ПРЕПОЗНАВА ПАРИ Наоми Кембел е во врска со 16 години помлад мултимилионер

Наоми и 16 години помладиот мултимилионер од Саудиска Арабија заедно позирале пред фотографите на црвениот тепих. Парот првпат се појави заедно на јавен настан во декември 2021 година на филмскиот фестивал на Црвеното Море.

1,242

Познатиот англиски модел Наоми Кембел (53) наводно е во врска со филмскиот продуцент Мохамед Ал Турки (37), пренесуваат британските медиуми.

Двојката е видена заедно во неколку наврати на различни јавни настани, а најнеодамна биле видени на наградите БАФТА претходно овој месец во Лондон.






Наоми и 16 години помладиот мултимилионер од Саудиска Арабија заедно позирале пред фотографите на црвениот тепих. Парот првпат се појави заедно на јавен настан во декември 2021 година на филмскиот фестивал на Црвеното Море.

Наоми и Мохамед оттогаш минуваат многу време заедно. Тие лани заедно биле на голем број настани, а Мохамед ги документирал нивните состаноци на Инстаграм.

Пред 5 дена тој сподели снимки од зад сцената со Наоми крај него. Тие беа на роденденската забава на заминувањето на уредникот на списанието „Вог“ Едвард Енифул.

Наоми го држи приватниот живот зад затворени врати. Таа двапати беше свршена, прво со басистот на Ју-ту Адам Клејтон, а потоа со италијанскиот мултимилионер Флавио Бријаторе, но никогаш не влезе во брак.

Поврзани содржини