ЉУБОВТА КОН ЗЕМЈАТА НАЛАГА ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ Бајден порача дека омикрон нема да ги врати на почетокот
Бајден, сепак, сакаше да ги предупреди оние кои не се целосно вакцинирани, велејќи дека имаат добра причина за загриженост и дека љубовта кон земјата налага да се вакцинираат.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека САД се подготвени за омикрон варијанта на вирусот, која забрзано се шири, повторувајќи дека нема причина за паника, барем за оние Американци кои се вакцинирани.
– Сите треба да се грижиме за омикрон, но не треба да паничиме. Веќе не сме во март 2020 година. Сега сме подготвени – рече Бајден.
Ги предупредува оние кои не се целосно вакцинирани
Тој наведе три главни разлики во однос на почетокот на пандемијата, пред сѐ вакцината, но и доволно количество опрема за лична заштита на медицинскиот персонал кој се бори со приливот на невакцинирани во болниците и новите сознанија за вирусот. Бајден, сепак, сакаше да ги предупреди оние кои не се целосно вакцинирани, велејќи дека имаат добра причина за загриженост и дека љубовта кон земјата налага да се вакцинираат.
Претседателот на САД рече дека размислува да ги укине ограничувањата за патниците од осум африкански земји бидејќи верзијата на вирусот омикрон сега се прошири низ целиот свет. На луѓето од Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави во моментов им е забранет влез на територијата на САД. Уделот на омикрон верзија на вирусот во новите инфекции беше 73,2 отсто во САД минатата недела.
Американците добиваат 500 милиони бесплатни домашни тестови
Бајден најави и отворање на повеќе локации за вакцинација и тестирање и рече дека 500 милиони домашни тестови ќе им бидат достапни на Американците бесплатно од јануари.
Брзиот пораст на бројот на заразени луѓе повторно го нарушува животот низ Соединетите држави, а настаните се одложуваат, од шоуа на Бродвеј до професионалните спортови. Во Њујорк, Вашингтон и други градови се создаваат големи редици за тестирање бидејќи луѓето сакаат да видат пред празниците дали можеби се заразени.
Бајден истакна дека омикронот е толку заразен што ќе се заразат и вакцинираните Американци, но нивните шанси да заболат од болеста се многу помали. Оние кои се вакцинирани и ги следат упатствата како носење маски, можат мирно, како што е планирано, да ги прослават претстојните празници, им порача претседателот. Во САД се целосно вакцинирани 61 отсто, вклучително и 30 отсто од оние кои примиле бустер доза.