ЉУБОВТА ЦВЕТА МЕЃУ ГУЛАПЧИЊАТА Девојката на Милош Биковиќ ја објави првата заедничка фотографија (ФОТО)
По неодамнешното раскинување со руската танчарка Арина Волошин, актерот неколку месеци беше сам, а потоа ја запозна Црногорката Ивана Малиќ.
Љубовниот живот на српскиот актер Милош Биковиќ со години предизвикува голем интерес кај публиката, а неговите романси со Бранкица Себастијановиќ, Ања Алач, Саша Луш, Барбара Таталовиќ и Аглас Тарасов беа многу популарни, но ниту една не беше онаа вистинската.
По неодамнешното раскинување со руската танчарка Арина Волошин, актерот неколку месеци беше сам, а потоа ја запозна девојката од Бар, Црногорката Ивана Малиќ, со која започна врска.
Тие првпат заедно се појавија на премиерата на „Јужен ветар 2“, каде беа многу забележани, а сега Ивана ја сподели првата заедничка фотографија како потврда дека љубовта цвета.
View this post on Instagram
Следеле бројни коментари од фановите кои под фотографијата пишувале дека двајцата се навистина убав пар.
И двајцата имаа блажени насмевки, а следбениците ги опсипуваат со комплименти.
Милош во оваа прилика не се огласи јавно, но јасно е дека не ја крие својата нова девојка од јавноста.
Инаку, Ивана е адвокат по професија.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм