ЉУБОВНИЦАТА НА ПУТИН Е ВО ШВАЈЦАРИЈА СО ДЕЦАТА? Со Алина Кабаева претседателот имал две ќерки и два сина
Со Алина Путин има четири деца, а веројатно поради неа се развел од Људмила во 2013 година, со која има две постари ќерки, Марија(36) и Катерина(35), но и за нив не се знае многу.
Две седумгодишни ќерки близначки и два сина имал рускиот претседател Владимир Путин со неговата љубовница, 38-годишната Алина Кабаева, пишува американскиот таблоид „Пејџ Сикс“, а Алина и децата во моментов се кријат во замок некаде во Швајцарија. Путин, инаку, до 2013 година беше оженет со Људмила со која има две ќерки, Марија(36) и Катерина(35), но и за нив не се знае многу.
Зошто се разведе Путин? Многумина сметаат дека тоа беше поради љубовницата Алина. Таа е поранешна гимнастичарка која има освоено златен медал. Таа и децата веројатно имаат швајцарски пасоши, тврди анонимен извор за „Пејџ Сикс“. За споредба, Људмила била поранешна стјуардеса. Но, тука отприлика завршуваат одговорите за приватниот живот на рускиот човек број еден.
– Не дозволувам мешање во мојот приватен живот. Тоа мора да се почитува. Отсекогаш сум реагирал негативно на оние кои ги туркаат своите љубопитни носови и еротски фантазии во туѓите животи – изјавил еднаш Путин.
THEY LOOK SO HAPPY ANNOUNCING THERE DIVORCE.
Russian President Vladimir Putin and his then-wife Lyudmila Putin (pictured) in the Kremlin Palace in Moscow. They announced their divorce in July 2013. pic.twitter.com/q79Vf95ZqT
— Paul Goward (@PaulGoward) March 7, 2022
Путин и Људмила
Тој и Људмила биле во брак 30 години, а се развеле во 2013 година пред камера. Уште тогаш се шпекулирало дека Путин се разведува поради Алина, тогаш успешна гимнастичарка. Откако се шпекулираше за нејзината врска со Путин, Алина ги намалила јавните настапи.
Таа неодамна се огласила за руската окупација на Украина, гневна поради фактот што Русија беше отсечена од сите големи спортски настапи, а на Олимипијадата не ѝ беше дозволено да ги користи своето знаме и химна поради претходни допинг-скандали.
„Верувам дека никогаш немало посрамна страница во историјата на светскиот спорт. Раководството на многу меѓународни спортски организации долго време и под разни изговори се занимава со целосно неспортски работи. Сега веќе и не се крие. Нивната „грижа“ за светот е лицемерна како и борбата за чист спорт“, изјавила таа за дневниот весник „Спорт Експрес“.
„Тие не се грижеа и не исклучија од натпреварот ниту една земја што учествуваше во уништувањето на стотици илјади цивили во Југославија, Ирак, Либија, Сирија. Но, спортските функциониери беа многу лути кога Русија одлучи да ги заштити Донбас и Луганск од нацисти“, додала Кабаева, која поради допинг загубила пет златни медали на Светското првенство во 2001 година.