📷 ЉУБОВЕН СКАНДАЛ ВО СКОПЈЕ Изневерена девојка го претвори автомобилот на бившиот во „уметничка галерија“
Возилото, покриено со зборови како „Швалер“ и „Yes Baby“, остави многумина да се прашуваат што е приказната зад ова неочекувано ремек дело.
Во центарот на вниманието синоќа се најде еден автомобил со скопски регистарски таблички, кој привлече многу погледи.
Возилото, покриено со зборови како „Швалер“ и „Yes Baby“, остави многумина да се прашуваат што е приказната зад ова неочекувано ремек дело.
Судејќи според креативноста на уметничката изведба и специфичните пораки, ова возило веројатно било платно за изразување на чувствата на една љубовно повредена душа.
На возилото, покрај сè, доминира и симболично срце – поделенo на половина. Тој сегмент ја прави ситуацијата уште посмешна, а многумина корисници на социјалните мрежи веќе ја нарекуваат „Уметност на изневерените“.
Иако нема официјална потврда, се шпекулира дека сопственикот на возилото станал жртва на „љубовна казна“ откако, наводно, ја изневерил својата поранешна девојка.
Дали ќе остане во оваа „креативна“ состојба или брзо ќе побара авто-сервис, останува да видиме, но едно е сигурно – ова „уметничко дело“ долго ќе се памети на скопските улици!