📽 ЉУБОВ НА СКИЈАЧКИТЕ ПАТЕКИ Микаела Шифрин го негува повредениот Килде
Еден од најдобрите скијачи на денешницата Норвежанецот Александар Аамод Килде и Американката Микаела Шифрин се во среќна врска од 2011 година.
За мене се грижи една и единствена Микаела Шифрин, напиша норвешкиот скијач Александар Амод Килде покрај фотографијата со американската скијачка од болницата во Берн каде беше опериран по тешкиот пад на спустот во Венген.
Еден од најдобрите скијачи на денешницата Норвежанецот Александар Аамод Килде и Американката Микаела Шифрин се во среќна врска од 2011 година.
Двојката долго време ја криеше својата врска, но заедничките фотографии на социјалните мрежи ги открија, а претходно еден американски магазин напиша дека Микаела пронашла „љубов во снегот“ без да открие кој е всушност.
View this post on Instagram
На спустот во Венген, Килде изгуби контролата на патеката, почна незапирливо да се тркала и удри во заштитната ограда, која го ублажи неговиот пад, но неговото тело изгледаше неподвижно. До него веднаш дојде медицинската помош, а потоа беше пренесен со хеликоптер во најблиската болница.
Ден по несреќата, Килде на Инстаграм објави дека во болница дошла и неговата девојка Микаела Шифрин.
View this post on Instagram
„Тука сум (и за мене се грижи една и единствената Микаела Шифрин)… закрпен. Ви благодарам многу за сите пораки. Благодарен сум за сите зборови на љубов и поддршка. Овој спорт може да биде брутален, но сè уште го сакам“ – напиша Килде, а во коментарите го поддржаа многу негови колеги.