УБИСТВОТО ВО СТРУМИЦА Е РАСЧИСТЕНО Тројца се приведени

Убиството се случило по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи.

192

Три лица се приведени како осомничени за убиството на 22-годишното момче кое се случи вчера во Струмица, соопшти полицијата.

Од СВР Струмица информираат дека денеска во Радовиш во утринските часови ги лишиле од слобода М.Ј.(22), Р.А.(33). А пред тоа полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово ја привеле и Ј.Т.(44).






Вчера околу 19 часот по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, на улицата Бетовенова во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајката на М.Ј..

По пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини