🎥 УБИСТВОТО НА ТРИТЕ ДЕЦА ПРЕДИЗВИКА ЖЕСТОКИ СУДИРИ ВО АНГЛИЈА Протести и хаос на улиците во Саутпорт
Нередите биле мотивирани од гласини за идентитетот на уапсениот тинејџер кој е осомничен дека го извршил убиството за кој се претпоставува дека е странец барател на азил.
Во северозападниот дел на Англија каде во понеделникот беа убиени три девојчиња се покренаа масовни протести и судир на демонстрантите од екстремната десница со полицијата. Во синоќешниот хаос на улиците на Саутпорт беа повредени 22 полицајци.
Британскиот премиер Кир Стармер ги осуди инцидентите и рече дека толпата го осквернави мирното бдеење еден ден претходно, кога неколку стотици луѓе се собраа во центарот на Саутпорт да им оддадат почит на загинатите девојчиња, пренесе АП.
Полицијата додаде дека насилна група запалила полициско комбе, а до него биле присутни неколку автомобили на приврзаници на Англиската одбранбена лига, крило на десничарската група, додека нередите биле мотивирани од гласини за идентитетот на уапсениот тинејџер кој е осомничен дека го извршил убиството.
– Имаше многу шпекулации за статусот на 17-годишникот кој е во притвор, а поединци го користат тоа за да создадат хаос на нашите улици – изјави Алекс Гос, помошник началник на полицијата во областа Мерсисајд во која припаѓа и градот Саутпорт кој се наоѓа на 25 километри од Ливерпул.
Here is the touching tribute left for the people of Southport by the knuckle-dragging racist dickheads who visited last night. pic.twitter.com/eFe2lLS3tH
— Parody Keir Starmer (@Parody_PM) July 31, 2024
Полицијата претходно соопшти дека името на осомничениот кое се појави на социјалните мрежи е неточно и дека осомничениот е роден во Британија, спротивно на тврдењата на интернет дека тој е барател на азил.
Здружението на џамиите во регионот на Ливерпул објави коментар, нарекувајќи го нападот на тинејџерот „брутален“ напад врз општеството, кој не е поврзан со исламот.