ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО СО УМИСЛА Кичевското обвинителство поведе истрага за случајот со ловечката пушка

Повод за убиството била банална вербална расправија од приватна природа, велат од ОЈО Кичево. Убиството се случило во двор на куќа во селото Калуѓерец. За 21-годишниот Д.Д. надлежниот јавен обвинител предложил и мерка притвор.

2,596

Основното јавно обвинителство Кичево ќе поведе истражна постапка  за едниот од четворицата осомничени за убиството на кичевчанецот Д.С.(31), поранешен војник, со ловечка пушка. ОЈО Кичево донесе наредба да се отвори предмет против 21-годишниот Д.Д. кој сега се сомничи за убиство со умисла по член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Исто така, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.






Повод за убиството била банална вербална расправија од приватна природа, велат од ОЈО Кичево.

Убиството се случило во двор на куќа во селото Калуѓерец.

Претходно,од МВР информираа дека полицајци од ОВР Македонски Брод ги уапсиле Т.Т63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево. Во билтенот на МВР претходно пишуваше дека убиството се случило кога  Т.Т. ја чистел пушката во дворот откако четирите лица се вратиле од лов. Истрагата е во тек.

За случајот, како што информираат од МВР, јавил Т.Т(63).

„Околу 23.00 часот Т.Т. пријавил дека во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, се вели во полициското соопштение.

ЛОВЏИЈА ГО УБИЛ ПРИЈАТЕЛОТ ДОДЕКА ЈА ЧИСТЕЛ ПУШКАТА Смртно застрелан кичевчанец, полицијата приведе 4 лица

 

 

 

Поврзани содржини