УБИСТВО ВО ВЕЛЕС, УБИЕН Е ПОЛИЦАЕЦ Осомничена е млада велешанка која му била невенчана сопруга на починатиот
Во 2:30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица Максим Горки во Велес. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место и веднаш констатираше насилна смрт, со прободување со нож во граден кош - изјавија од Итната медицинска помош – Велес.
Едно лице е приведено како осомничено за убиството на 40-годишен полицаец, кое се случило ноќеска во Велес, брифираат извори од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што велат од МВР, приведена е 23-годишна девојка, која наводно била во љубовна врска со полицаецот, а убиството се случило во куќа на улица Максим Горки. Брзата помош го затекнала полицаецот со убодна рана од нож во градниот кош.
– Во 2:30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица Максим Горки во Велес. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место и веднаш констатираше насилна смрт, со прободување со нож во граден кош – изјавија од Итната медицинска помош – Велес.
Од Секторот за внатрешни работи Велес споделија детали во врска со убиството:
„Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР-Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на улица Максим Горки со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, се вели во соопштението на СВР-Велес.