УБИСТВО ВО СКОПЈЕ Внук осомничен дека ја убил баба си
Од МВР соопштија дека Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Полицијата поднесе кривична пријава против маж поради сомнение дека ја убил неговата баба во нејзиниот стан.
Од МВР соопштија дека Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
„Тој се сомничи дека во периодот од 5 до 11 ноември 2021 извршил кривично дело убиство на неговата баба В.Б. (75) во нејзиниот стан на улица Никола Малешевски. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор“, информира полицијата.