УБИСТВО ВО СКОПЈЕ Син избоде до смрт мајка со остар предмет

Униецот е приведен, а немилиот настан се случил во куќата на мајката.

653

Полицијата приведе маж кој ја  избоде до смрт својата мајка со остар предмет во Скопје.

Полицијата соопшти дека убиството се случило во 6.30 часот денеска во домот на починатата.






„Денеска во 07.50 часот на улица 23 Октомври, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека околу 6.30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Поврзани содржини