Убиство во Липково: Лице неколкупати прободено со нож
На настанот му претходела расправија помеѓу сега починатиот Ј.С. и друго лице кое неколку пати го прободело со нож, предизвикувајќи му фатални рани.
Попладнево околу 18:30 часот се случи убиство во селото Липково, Кумановско – пренесе Алсат.
На настанот му претходела расправија помеѓу сега починатиот Ј.С. и друго лице кое неколку пати го прободело со нож, предизвикувајќи му фатални рани.
Полициски екипи се на местото на настанот и работат на документирање и целосно расветлување на случајот.