📽️ УБИСТВО ВО БОГОВИЊЕ Прво се карал со соседот, па извадил пиштол и пукал во него

Неофицијално, прво настанала вербална расправија меѓу двајца соселани, при што едниот извадил огнено оружје, и го убил другиот.

377

Вербална расправија утрово во Боговиње завршила со пукање, при што едно лице е убиено, дознава ТВ21.

Неофицијално, прво настанала вербална расправија меѓу двајца соселани, при што едниот извадил огнено оружје, и го убил другиот.






„Денеска (02.06.2024 година) во 10.30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, Тетово, кој управувал „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Тој е осомничен дека околу 10.15 часот со огнено оружје го убил А.Ј. На местото на настанот се Јавен обвинител и полициски службеници кои вршат увид“, стои во соопштението на МВР.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на местото во Боговиње каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје.

Како што информира ОЈО, сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото.

„Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица. Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица“, соопшти ОЈО.

Поврзани содржини