УБИЕНИОТ УКРАИНСКИ СПИКЕР БИЛ ДЕЛ ОД ШАРЕНИТЕ МАЈДАН РЕВОЛУЦИИ Парубиј побарал помош 6 месеци пред убиството?

Андриј Парубиј е познат по неговата улога во големите проевропски движења во Украина – најпрво во „Портокаловата револуција“ во 2004 година, а потоа и во Мајданот во 2014 година, кога беше „командир“ на групите за самоодбрана. Парубиј ја коосноваше и раководеше со Социјал‑Националната Партија на Украина (СНПУ) во 1990-тите и беше лидер на милитантната организација „Патриот на Украина“ до 2004 година.

290

Поранешниот претседател на Врховната рада на Украина и пратеникот Андриј Парубиј, кој беше застрелан во Лавов на 30 август побарал државна заштита 6 месеци пред убиството, објaви украинската телевизија KYIV24 пренесувајќи изјави од пратеникот Волорими Ариев.

– Имаше извештаи претходно дека имало закани кон неколку државни политички личности – изјавил пратеникот од фракцијата „Европска солидарност“.






Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на парламентот, Андриј Парубиј, заблагодарувајќи им на истражните органи за „брзата и координирана работа“.

„Се спроведуваат потребните истраги“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Кој беше Андриј Парубиј(54)? Тој е познат по неговата улога во големите проевропски движења во Украина – најпрво во „Портокаловата револуција“ во 2004 година, а потоа и во Мајданот во 2014 година, кога беше „командир“ на групите за самоодбрана. Протестите беа насилно задушени, што доведе до заминување на прорускиот претседател Виктор Јанукович и негово бегство во Русија.

Парубиј ја коосноваше и раководеше со Социјал‑Националната Партија на Украина (СНПУ) во 1990-тите и беше лидер на милитантната организација „Патриот на Украина“ до 2004 година.

СНПУ беше радикално националистичка и користеше симболи и реторика што потсетуваа на нацистичката идеологија. Меѓутоа, Парубиј ја напушти оваа партија и организацијата во 2004 година и не ја поврзуваше повеќе својата политичка кариера со неа.

 

Парубиј беше застрелан во саботата во Лавов, западна Украина.

Снимка која се појави на социјалните мрежи го прикажува Парубиј како оди по улицата, а потоа човек со жолт ранец, како оние што ги носат доставувачите на храна, ја преминува улицата и почнува да го следи.

Во следниот момент, осомничениот го забрзува чекорот и ја крева раката, во која најверојатно држи оружје. Се верува дека тука убиецот испукал неколку куршуми кон Парубиј.

Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирил Буданов, ја обвини Русија за убиството, имајќи ја предвид војната која трае од февруари 2022 година.

Убиството доаѓа во време кога Русија и Украина се под притисок да ги приближат односите и се прават напори за дипломатско решение за војната. Москва, од своја страна, не ја признава за легитимна владата на Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин на самит во Кина изјави дека една од причините за војната е наводниот државен удар врз Киев.

Поврзани содржини