Убиениот Камбер Идризи со богат фото албум, се сликал и со Пендаровски (ФОТО)
Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел - вели градоначалникот на Бутел.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на новинарско прашање околу убиството кое што вчера се случи во Бутел, истакна дека станува збор за човек со криминално досие кој е виден на повеќе слики на социјалните мрежи со лица од власта.
– Нема што повеќе да се коментира за ваква власт каде што секој еден криминалец во Република Македонија веќе тоа доби и поголема димензија криминалци во рамките на светот да се сликаат со лица од власта предводена од СДСМ. Изминативе неколку години откако СДСМ е на власт Република Македонија, конкретно Скопје стана арена за пресметки, пукање, убиства на криминални и мафијашки банди и нарко дилери – посочи Арсовски.

Она што го видовме вчера рече тој, на медиумите и социјалните мрежи е еден од убиените кој што има криминално милје е виден на повеќе слики со функционери на СДСМ, како што е Оливер Спасовски, Велимир Смилевски, Мухамед Зекири, Стево Пендаровски кој што е претседател на државата.
– Невозможно е овие луѓе секојдневно да биле во друштво на криминалци. Ова е потврда дека државата ја води нарко мафија, односно крими мафија. Секој еден криминалец е сликан буквално со секој од власта. Затоа ова мора да прекине, оваа Влада мора да сноси одговорност, бидејќи повеќе не се безбедни улиците за никого. Сред бел ден, попладне, навечер во време кога има голем број на луѓе низ улиците, во сред центар на градот се случуваат убиства како на мафијашки филмови. И за тоа е директно одговорна Владата која што го штити криминалот. Затоа оваа влада треба да падне, да одговара и да сноси политичка одговорност – изјави Арсовски.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски по информациите дека бил многу близок со Камер Идризи, кој вчера беше убиен, за „А1он“ вели дека не знаел за неговиот бизнис, ниту разговарал за тоа.
– Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел. Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред – вели Смилевски.