УБИЕНА ПРВАТА ЖЕНА ВО РАКОВОДСТВОТО НА ХАМАС Џамила ал-Шанти загинала во израелски воздушен напад на Газа

Џамила ал-Шанти, вдовицата на ко-основачот на Хамас, во 2021 година стана првата жена избрана во највисокото политичко раководно тело на Хамас.

363

Џамила ал-Шанти, член на највисокото раководно тело на Хамас, е убиена во Газа, информираа медиумите поврзани со Хамас во Газа. Тие известуваат дека Џамила ал-Шанти, вдовицата на ко-основачот на Хамас и првата жена избрана на политичка функција на организацијата, е убиена во израелски воздушен напад.






Во извештаите не се наведуваат детали за локацијата на ударот, само дека нападот се случил во зори.

Во 2021 година, Ал-Шанти стана првата жена избрана во највисокото политичко раководно тело на Хамас. Нејзиниот сопруг, Абдел Азиз ал-Рантиси, беше убиен во 2004 година во израелски воздушен напад за време на Втората интифада.

Поврзани содржини