УБИЕНА МЕНАЏЕРКАТА НА КИМ КАРДАШИЈАН Партнерот ја убил и ја сокрил во гепек

Нејзиното момче Џејсон Баркер, кое во меѓувреме е уапсено под обвинение за убиство, е осомничен за нејзината смрт.

786

Анџела „Енџи“ Кукавски, поранешна менаџерка на Ким Кардашијан, е пронајдена мртва на 55 годишна возраст.

Како што пишуваат странските медиуми, нејзиното момче Џејсон Баркер, кое во меѓувреме е уапсено под обвинение за убиство, е осомничен за нејзината смрт.






Анџела била пронајдена мртва во багажник на автомобил, а полицајците забележале убодна рана на телото. Полицијата верува дека Баркер ја убил со нож пред да го префрли нејзиното тело во автомобил, кој бил оставен во долината Сими, во близина на Лос Анџелес, во утринските часови на 23 декември.

 

Баркер е приведен со кауција од 2 милиони долари.

Кукавски била мајка на пет деца, а освен за Кардашијан работела и за многу други ѕвезди како Канје Вест и Ники Минаж.

Поврзани содржини