УБИЕН ВО ЧИКАГО ЗАТОА ШТО БИЛ СРБИН Повредена е и девојка со потекло од Скопје? (ВИДЕО)
Според порталот, повредената девојка (31) е Србинка со потекло од Македонија и била погодена со три куршуми – во ногата, рамото и во раката. Таа е итно оперирана, лекарите успеале да ѝ ја спасат ногата, а ѝ престои и операција на раката и лекување од психичките трауми.
Никола Мишовиќ(30), српски државјанин и сопственик на фирма бил убиен во Чикаго од неговиот вработен, кого го примил на работа претходниот ден, поради етничка омраза, пренесуваат американските медиуми. Убиецот, Џереми Спејсер(31) извикувал „Мразам Срби, сите вие сте исти г*омна“ пред да го убие, а потоа продолжил кон компанијата „Форс“ во истата зграда каде пукал кон девојка, за која СрбијанТајмс тврди дека е Србинка со потекло од Скопје.
Според порталот, повредената девојка (31) е Србинка со потекло од Македонија и била погодена со три куршуми – во ногата, рамото и во раката. Таа е итно оперирана, лекарите успеале да ѝ ја спасат ногата, а ѝ престои и операција на раката и лекување од психичките трауми.
Инаку веднаш по пукањето, убиецот Џереми Спајсер побегнал од местото, но полицијата која го блокирала целиот кварт успеала да го пронајде во блиската уличка Медисон. Тој бил опколен и повикан да се предаде, но пред очите на полицајците се застрелал во главата.