Ведран Репчиќ (41) син на поранешниот фудбалер на Црвена Звезда Сребренко Репчиќ е убиен рано утрово во населбата Браќа Јерковиќ во Белград, кога непознат маж околу 10 часот испукал повеќе куршуми во него.
Итната помош била повикана од страна на соседите, но кога пристигнале лекарите можеле само да констатираат смрт кај мажот. На самото место пристигнала полицијата и инспектори кои вршеле увид.
Според очевидци, напаѓачот со црна маска, спортска торба и темна облека откако испукал неколку куршуми во Репчиќ побегнал кон пазарот.