УБИЕН РАПЕРОТ ТЕЈКОФ Член на една од најпопуларните групи во светот

Тејкоф и неговиот колега Кваво куглале кога настанала расправија, а во еден момент некој испукал истрел. Раперот бил застрелан во главата и починал на лице место.

1,689

Раперот Тејкоф (28) од мегапопуларната хип-хоп група „Мигос“ е убиен во пукањето во куглана во Хјустон, јавуваат американските медиуми. Тејкоф и неговиот колега Кваво куглале кога настанала расправија, а во еден момент некој испукал истрел. Раперот бил застрелан во главата и починал на лице место. Се обиделе да го преместат, но на крајот останал да лежи, а Кваво викал и барал помош, опишале сведоците.

Според изворите, полицијата добила повик дека маж е застрелан во кугланата. Полицијата откри дека уште две лица биле застрелани и пренесени во болница. Нивната состојба засега не е позната.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by TakeOff🚀 (@yrntakeoff)


Пријателите и обожавателите на овој бенд на социјалните мрежи се простуваат од трагично загинатиот рапер.

„Тејкоф отсекогаш било многу приземјен, кул човек. Не можам да верувам дека уште една млада, црна ѕвезда е убиена без причина. Нешто навистина треба да се промени, болно е колку млади луѓе умираат”, напиша боксерот Крис Еубанк помладиот на Твитер.

„Не можам ни да ги замислам „Мигос“ без Тејкоф и Кваво заедно“, напиша една обожавателка.

Вистинското име на Тејкоф беше Киршник Хари Бол, а тој беше најмладиот член на „Мигос“. Кваво му е вујко, а Офсет му е роднина. Музичките активности како група ги започнаа во 2008 година во Грузија, а нивниот прв голем хит беше „Versace“ од 2013 година. Во 2016 година, тие го достигнаа првото место на Билборд листата со хитот „Bad and Boujeee“.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини