УБИЕН ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЗАПОРОЖЈЕ Сушко загина од бомба под автомобилското седиште
Нуклеарната централа близу Запорожје им задава морници на Истокот и Западот, а Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за нападите близу централата која е најголема од својот вид во Европа. Доколку биде оштетен некој од шесте силоси во Запорожје, тоа би предизвикало нуклеарна катастрофа од светски размери, предупредуваат експертите.
Убиен е првиот човек на државната управа на Михајловка во градот Запорожје, Иван Сушко, утринава јавија руските медиум. Сушко загинал во бомбашки напад кога експлозивна направа била ставена под неговото седиште во автомобил, објавија руските власти во Запорожје. Според нив, Сушко бил тешко повреден и починал во болница, пренесува Б92.
Михајловка е под команда на руските сили, а Сушко наводно се согласил да соработува со Русите кога тие ја окупирале областа.