УБИСТВО ПРЕД КАЗИНО ВО КАВАДАРЦИ Тепачката завршила со смрт, приведени се три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полициското соопштение.

1,444

Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврдил доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.

– Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу 5 часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот – појасни докторот.






Потврда пристигна и од Министерството за внатрешни работи (МВР):

„Денеска (27.08.2025) во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул. Никола Минчев во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт. Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полициското соопштение.

Поврзани содржини