УБИЕН ГЛАВНИОТ ТЕРОРИСТИЧКИ ЛИДЕР НА ЗАПАДНИОТ БРЕГ Шалал планирал голем напад и добивал инструкции од Иран

Tој бил убиен во комбинирана операција спроведена од армијата и безбедносната служба Шин Бет, пишува „Тајмс оф Израел“.

221

Израелската армија соопшти дека во напад со беспилотно летало на Западниот Брег, во близина на кампот Балата, го елиминирала Абдулах Абу Шалал, како што наведе, главниот терористички лидер во оваа палестинска енклава, кој планирал непосреден напад.

Според соопштението, тој бил убиен во комбинирана операција спроведена од армијата и безбедносната служба Шин Бет, пишува „Тајмс оф Израел“.






Војската соопшти дека Абу Шалал е одговорен за низа неодамнешни напади, вклучително и пукањето во населбата Шимон Хацадик во Ерусалим, во кое беа повредени двајца Израелци и за поставување бомба која рани еден војник.

Израелската војска тврди дека Абу Шалал добивал пари и инструкции од Иран и терористичките групи во Газа и во странство.

Палестински извори соопштија дека во нападот врз неговиот автомобил загинале три лица.

Поврзани содржини