УБИЕН Е КОНТРОВЕРЗНИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН АЛЕКСЕЈ ПЕТРОВ Го застрелале со пушка среде бел ден

Според полицијата, делото било пријавено околу 12 часот и 20 минути по локално време. На местото на настанот биле испратени екипи кои пронашле безживотно тело на маж и една ранета жена.

19,342

Еден од најголемите бугарски бизнисмени, Алексеј Петров, е убиен во населбата „Драгалевци“ во главниот град во близина на жичницата на планината Витоша, објавија бугарските медиуми.

Веста официјално ја потврдија од бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР).






Според полицијата, делото било пријавено околу 12 часот и 20 минути по локално време. На местото на настанот биле испратени екипи кои пронашле безживотно тело на маж и една ранета жена.

Според неофицијални информации на БНР, тој бил застрелан со пушка. Во текот на изминатите две децении, беа организирани бројни неуспешни обиди за атентат против Алексеј Петров.

На 14 август 2002 година, на базенот „Спартак“ против него беше извршен неуспешен обид за атентат, но тој преживеа, иако беше застрелан истовремено во градите и ногата. На 29.10.2015 година, беше направен обид да се убие со фрлач на гранати кога Петров се возел во автомобил во близина на неговиот дом. Тој остана неповреден.

На 10 февруари 2010 година Петров е приведен и обвинет дека е водач на криминалната група „Октопод“, која се занимавала со рекет и изнуда. Ова беше најголемиот случај што го покрена МВР за време на првата влада на Бојко Борисов. На крајот, обвиненијата против Петров беа повлечени, а државата беше осудена да му плати оштета од десетици милиони лева нему и на „Лев инс“.

Непосредно пред неговата смрт, Алексеј Петров јавно се пофали дека учествувал во истрага за измама во осигурувањето во Италија, на која се жалеше осигурителната компанија „Лев инс“ што тој ја основа. Јавно пројави интерес да започне со работа во тајната служба.

Поврзани содржини