УБИЕЦОТ ВО НОРВЕШКА КОРИСТЕЛ И ЛАДНО ОРУЖЈЕ Прво ги повредил жртвите со стрели, а потоа ги избодел до смрт
Андерсен Братен уби пет лица во средата во градот Конгсберг, југозападно од Осло. Норвешката национална агенција за безбедност подоцна објави дека се работи за терористички акт.
Норвешката полиција соопшти дека данскиот државјанин, кој минатата недела уби пет лица, а повреди тројца, при нападот, покрај лак и стрела, користел и „убодно оружје“.
Андерсен Братен уби пет лица во средата во градот Конгсберг, југозападно од Осло. Норвешката национална агенција за безбедност подоцна објави дека се работи за терористички акт.
Данскиот државјанин (37) Еспен Андерсен Братен преминал во ислам.
Норвешките медиуми пишуваат дека Братен и претходно имал проблеми со законот и бил уапсен во текот на оваа година, откако му се заканил на неговиот татко со убиство.
Тој се изјасни за виновен за убиствата.