УБИЕЦОТ ОД РОСОМАН САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Рекол дека ја убил мајка си
Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман.
Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, соопшти полицијата.
Можеби ќе ве интересира
На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман.
Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.
Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.