УБИЕЦОТ ОД ГРАЦ БИЛ ПРОГЛАСЕН ЗА МЕНТАЛНО НЕСПОСОБЕН ДА СЛУЖИ ВОЈСКА Зошто воените служби не ги споделиле податоците од неговите медицински прегледи?
Според полицијата, напаѓачот поседувал дозвола за оружје од почетокот на годинава, која ја добил по успешно поминат психолошки тест.
Напаѓачот, кој во вторникот уби 10 лица, вклучувајќи 9 тинејџери на возраст од 14 до 17 години и еден наставник, пред да изврши самоубиство во училиште во Австрија, во 2021 година бил прогласен за ментално неспособен за воена служба. Ова го потврди портпаролот на австриските вооружени сили, Мајкл Бауер, во објава на платформата Икс, додавајќи дека вооружените сили не се овластени да ги споделуваат податоците од медицинските прегледи со трети страни.
Настанот, што се случи во вторникот, го потресе Грац. Артур, вооружен со пиштол и со пушка, насилно влегол во училиштето во кое некогаш учел, убил 10 лица и се застрелал во тоалетот. 21-годишниот маж отворил оган во своето поранешно училиште со пиштолот и со сачмарката.
Според полицијата, тој поседувал дозвола за оружје од почетокот на годинава, која ја добил по успешно поминат психолошки тест.
При претрес на домот на напаѓачот, полицијата открила и импровизирана експлозивна направа, која за среќа не била функционална. Иако тој зад себе оставил проштална порака, во неа не е откриен мотивот за нападот, што дополнително ја отежнува задачата на истражителите да ги откријат неговите намери и дали нападот можел да биде спречен.
Инцидентот предизвика шок во земјата, а истрагата сè уште е во тек.
ПСИХОЛОШКИ ПРОФИЛ НА УЧИЛИШНИТЕ УБИЈЦИ Зошто не се препознаени на време?