УБИЕЦОТ ОД БРИСЕЛ СЀ УШТЕ ВО БЕГСТВО Утврден е идентитетот на напаѓачот
Се верува дека осомничениот е маж со туниско потекло кој илегално живеел во Белгија - соопшти белгискиот премиер Александре де Кро.
Продолжува полициската потрага по човекот осомничен за убиството на двајцата шведски државјани и ранувањето на трето лице во вчерашниот нашад во Брисел, што белгискиот премиер Александре де Кро го оквалификува како терористички, јави ДПА.
-Вчера три лица излегоа со намера да одат на прекрасен фудбалски празник. Двајца од нив го загубија животот во брутален терористички напад, Сторителите конкретно ги нападнаа шведските навивачи кои дојдоа во Брисел на фудбалскиот натпревар на „црвените ѓаволи“ – рече Де Кро мислејќи на натпреварот меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел, кој беше прекинат по прво полувреме поради нападот.
Белгискиот премиер потврди дека е утврден идентитетот на осомничениот за нападот.
– Се верува дека осомничениот е маж со туниско потекло кој илегално живеел во Белгија. Терористите мора да разберат дека никогаш нема да успеат во својата намера. Никогаш нема да успеат да ги потчинат нашите слободни општества. Со својата омраза и насилство тие само покажуваат немоќ. Тероризмот никогаш нема да победи – истакна белгискиот премиер.
Де Кроа посочи дека полициското присуство во белгискиот главен град ќе биде зголемено.
Мерките за безбедност, исто така, ќе бидат зголемени на голем број чувствителни локации, особено оние поврзани со шведската заедница, рече тој, а проверките ќе бидат засилени во остатокот од Белгија.
Де Кро ги повика сите во Брисел да бидат внимателни. Попладне ќе заседава Советот за национална безбедност, додаде премиерот на Белгија.
📽️ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО БРИСЕЛ Убиени се двајца Швеѓани пред натпреварот Шведска-Белгија