УБИЕЦОТ ОД БАРДОВЦИ Е ПОД ПОЛИЦИСКИ НАДЗОР Директорот на психијатриската болница изрази сочувство за убиениот пациент

217

Директорот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Хиса Авдулаи, изрази длабоко жалење и сочувство до семејството на пациентот кој трагично го загуби животот откако бил повреден во физичка пресметка со друг пациент во установата, по што, и покрај лекарската интервенција, починал на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ.

– Во раните утрински часови на 5 август 2025 година, на одделот за лекување на осудени лица при ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, се случи несреќен настан со трагичен исход. Околу 00:50 часот дојде до физичка пресметка помеѓу двајца пациенти, при што едниот од нив, пациент на возраст од 62 години, беше повреден. Медицинскиот персонал веднаш интервенираше и повика Итна медицинска помош. Пациентот беше пренесен на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ, каде, и покрај укажаната лекарска грижа, му беше констатирана смрт – изјави директорот Авдулаи.






Настанот бил веднаш пријавен до Министерството за внатрешни работи, а надлежните служби, вклучително и дежурен јавен обвинител, извршиле увид на лице место.

Директорот вели дека во тек се сите потребни постапки за целосно расветлување на случајот, а болницата целосно соработува со истражните органи. Другиот пациент, како што дополни тој, моментално се наоѓа под постојан полициски надзор, согласно насоки од јавниот обвинител.

– Во свое име и во име на установата, изразувам длабоко жалење за настанот и упатувам искрено сочувство до блиските на починатиот пациент – изјави директорот Авдулаи.

Поврзани содржини