УБИЕЦОТ ОД БАРДОВЦИ ЈА ЗАКЛАЛ МАЈКА СИ Монструозниот чин го извршил пред 13 години

152

Димитар Спасов е лицето кое со стаклено шише усмрти друг осуденик во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци,, пишува Република.

Инциденот се случил 50 минути по полноќ, кога  настанала физичка пресметка помеѓу 35-годишниот Димитар Спасов од Неготино и И.Т.(62) од скопското село Љубанци.






Како што е наведено во полицискиот билтен, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал.

Димитар Спасов е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“ и е познат на јавноста од 2012 година кога ја уби својата мајка во нивниот стан во центарот на Неготино. Тогаш тој имал 23 години, а неговата мајка 57 години. Неофицијално, жената имала десетина убоди од нож по вратот, стомакот и по градите.

Тогаш, како што пренесуваа медиумите, Спасов се „пофалил“ и на Фејсбук дека ја убил мајка си.

Поврзани содржини