УБИЕЦОТ НА КИРК МОЖЕ ДА ОДИ ПРЕД СТРЕЛАЧКИ ВОД Државната обвинителка Бонди вети правда за популарниот активист

И ние како федерално обвиителство ќе разгледаме дали може да поднесеме федерално обвинение и секако, ќе соработуваме за да се осигураме дека ова ужасно човечко суштество ќе добие максимална казна, рече обвинителката Бонди.

188

Осомничениот за убиството на популарниот американски активист Чарли Кирк би можел да се соочи со најстрогата казна – егзекуција, изјави државната обвинитлка на САД, Пам Бонди во интервју за Фокс њуз. Ќе има правда, додаде таа.

– Рано е да се каже од правна гледна точка, но како што нагласи гувернерот, тие ќе бараат смртна казна, што е многу реално во Јута. Сè уште постои можност за стрелачки вод во Јута. И ние како федерално обвиителство ќе разгледаме дали може да поднесеме федерално обвинение и секако, ќе соработуваме за да се осигураме дека ова ужасно човечко суштество ќе добие максимална казна – рече обвинителката Бонди.






Таа најави дека формалните обвиненија ќе бидат поднесени денеска или подоцна оваа недела.

Претходно, гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, ја потврди намерата на државата да бара смртна казна за сторителот на убиството. Тој исто така додаде дека истражителите веруваат дека убиецот на Кирк дејствувал сам.

Бонди потврди дека на оружјето со кое е убиен Кирк е пронајдена ДНК од осомничениот Тајлер Робинсон.

Поврзани содржини