УБИЛА ПОВЕЌЕ ОД 100 ОСОМНИЧЕНИ ТЕРОРИСТИ Армијата во Буркина Фасо запленила и дрога

602

Армијата во западноафриканската земја Буркина Фасо соопшти дека убила повеќе од 100 осомничени терористи, јави ДПА.

„Исламистичките милитанти беа совладани во две операции во петокот на северот на земјата во близина на границите со Мали и Нигер“, соопшти денеска Армијата во соопштение прочитано на државната телевизија.






Според соопштението, безбедносните сили уништиле возила на терористите и заплениле опрема и дрога. Во операцијата загинаа и петмина припадници на безбедносните сили.

Повеќе од два милиони луѓе се раселени во земјата како резултат на немирите.

Поврзани содржини