УБИЈА ЛИ ИЗРАЕЛЦИТЕ ПАЛЕСТИНСКА НОВИНАРКА? Телевизијата Ал Џезира го тужи Израел пред Меѓународниот кривичен суд
Израел прво тврдеше дека новинарите се нашле на удар на вкрстен оган и дека ги погодиле палестински екстремисти. Потоа во септември е објавен извештај на Израелската армија во кој било наведено дека Абу Аклех веројатно ја убиле нејзините сили, но по грешка.
Абу Аклех работела 25 години за Ал Џазира, а убиена е известувајќи за израелската воена рација во Џенин ноќта меѓу 10 и 11 мај. Во текот на операцијата две единици на израелската бригада Дувдеван влегле во бегалскиот логор во Џенин да уапсат Палестинци осомничени за вмешаност во терористичка активност.
Потрагата траела повеќе отколку што се очекувало и кога израелските сили го напуштале логорот биле нападнати. Во судирот кој избил неколку куршуми се истрелани врз четири новинари, додека поминувале низ западниот влез во логорот. Новинарите на себе имале заштитна опрема на која пишувало „прес” и напред и позади.
Еден од новинарите Али ал-Самуди бил погоден во рамото, а Абу Аклех во главата и веднаш починала, пренесуваат израелски медиуми.
Израел прво тврдеше дека новинарите се нашле на удар на вкрстен оган и дека ги погодиле палестински екстремисти. Потоа во септември е објавен извештај на Израелската армија во кој било наведено дека Абу Аклех веројатно ја убиле нејзините сили, но по грешка.
Семејството на новинарката и поголем дел од палестинската заедница и натаму ги обвинуваат израелските сили дека ја убиле.