📊 УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ Рејтингот на Мицкоски е повисок од вкупниот рејтинг на сите политичари во земјава
Истраживањето на МКД.мк, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.
Ако до сега во најголемиот број истражувања на јавното мислење во Македонија, проблем број 1 со кој се соочува нашата држава беше криминалот и корупцијата, последното истражување на МКД покажува дека македонските граѓани сметаат дека денес тоа е економијата.
Истраживањето на МКД.мк, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.
Ова истражување покажа дека македонските граѓани денес сметаат дека најважниот проблем со кој се соочува Македонија се економските фактори, нивото на приходи на граѓаните и растот на цените. Во досегашните истражувања на јавното мислење на МКД и на Маркет вижн, за првпат криминалот и корупцијата се на второто место.
Во однос на лидерите на политичките партии, како и на претходното истражување од декември минатата година,
Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците. На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со 3,8%. Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%). Но, вкупниот рејтинг на лидерите на партиите од коалицијата Вреди (Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши) е поголем од рејтингот на Ахмети. Сепак, меѓу нив, најголем е рејтингот на Таравари кој се подготвува да ја напушти коалицијата Вреди.
Перцепцијата на граѓаните е дека лидери на опозицијата во Македонија се Венко Филипче (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Димитар Апасиев (Левица). Речиси половина од испитаниците не знаат кој политичар да го посочат.
Во однос на случувањата во СДСМ и нивните функционери вмешани во криминални и коруптивни зделки, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека СДСМ сѐ уште не се исчисти од луѓето кои се дел од такви скандали.
Изненадувачки висок е процентот на граѓаните кои би излегле на гласање ако утре се одржат изборите. Дури две третини од испитаниците изјавиле дека ќе излезат на гласање, а кампањата за локалните избори уште не е ни почната.
Од оние кои одговориле дека би излегле на гласање на следните избори, велат дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. На второ место е коалицијата Вреди, па следуваат ДУИ, СДСМ, Левица, ЗНАМ…
Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.