ЉУБЧО ГИ БРАНИ ЉУПЧО И ВАНЧО ОД ЛАМБЕ Ова ни другарот Лазо не го правел, се жали ВМРО-Народна партија
Пародијата го достигна својот врв кога како главен сведок на обвинителот во разобличувањето на Ванчо Михајлов е повикан авторитетот на Ламбе Алабаковски кој, пак, е човек кој веќе и официјално е осуден за потпалување на истиот клуб, реагираше ВМРО-Народна партија преку соопштение.
Судењето во Битола на претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ Љупчо Георгиевски отсега па натаму ќе биде третирано како политички монтиран процес, реагираше ВМРО-Народна партија преку соопштение.
„За жал, државата преку својот орган на јавен обвинител учествува неодговорно, арогантно и прави пародија од правниот систем само за наводно да докаже некаква идеолошка определба на човекот кој е симбол на борбата за самостојна и независна Македонија. Пародијата го достигна својот врв кога како главен сведок на обвинителот во разобличувањето на Ванчо Михајлов е повикан авторитетот на Ламбе Алабаковски кој, пак, е човек кој веќе и официјално е осуден за потпалување на истиот клуб. За жал, во Северна Македонија денеска се води процес за кој ни самиот Лазар Колишевски немал доблест да го поведе дури и во најтемните времиња, а да не зборуваме дека сево ова е своевидно сопствено вето што си го ставаме на нашиот пат кон европската интеграција“, соопшти партијата на Љубчо Георгиевски.
ВМРО-Народна партија предлага веднаш да се прекине овој, како што го нарекува, карикатурален судски процес.