Љубчо Георгиевски: Владата да купи нафта и да ги пополни стоковите резерви

Пред нашите очи се случува историски крах на цената на нафтата и додека сите држави ги пополнуваат и последните цистерни од страна на нашата држава немаме никаква акција.

1,288

Жалиме што не гледаме никаква активност од владата на Македонија за купување на нафта во големи количини со која би ги пополнила стоковите резерви на држвата, соопшти ВМРО Народна.

– Пред нашите очи се случува историски крах на цената на нафтата и додека сите држави ги пополнуваат и последните цистерни од страна на нашата држава немаме никаква акција. Сметаме дека владата има повеќе опции со кои освен како нем набљудувач на овој економски процес може да се вклучи со класичен бизнис модел кој несомнено ќе донесе заштеда па дури и екстра профит во оваа тешка економска ситуација, соопшти партијата на Љубчо Георгиевски.

 

Поврзани содржини