Љубчо Георгиевски: Ден Дончев во 2016 година ни беше наметнат од страна!

Героски, пак, побара од него да каже кој му го наметнал кадарот и зошто.

4,598

Ден Дончев повторно се појави пред изборите во 2016 година и ни во една од партиите немаше расположение за него, но ни беше наметнат од страна, наведено е во Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, упатен кон новинарот Бранко Героски.

„Бранко Героски да биде поинтересен напишал Ден Дончев, кадар на Георгиевски. Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара. Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму каде стана генерален секретар. Како што разбрав и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија. Повторно се појави пред изборите во 2016 година и ни во една од партиите немаше расположение за него. Но, ни беше наметнат од страна. Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Бранко Героски. Од изборите до пред еден месец очи му немам видено. Инаку, по логиката на Героски и секогаш кога пишува за Груевски може да додава кадарот на Георгиевски“, напиша Георгиевски.






Бранко Героски, пак, побара од него да каже кој му го наметнал кадарот и зошто.

„Да, г-не Георгиевски, јас бев на страната на борците против режимот на Никола Груевски (кој неспорно е Ваш избраник, тоа не може да го негирате), но не само во 2016 година, туку од изборите во 2008 година до падот на тој режим. Додуша, не сум бил дел од никаква коалиција, бидејќи не сум имал партиско-политичка позиција. Но, се разбираме… Ме заинтригира Вашето признание, г-не Георгиевски, дека во 2016 година Ден Дончев ви бил „наметнат од страна“. Па уште потцртувате: „Од повеќе фактори од страна!“ Еве, јас ќе Ви поверувам, се разбира, но мислам дека Вие имате обврска да кажете кој Ви го наметнал Вашиот стар кадар (од 2006) во 2016 година и зошто? Јавноста има право тоа да го знае. ПС. Зарем ова што го објавив за Дончев не Ви е доволно интересно, та мора и диполнително да се правам интересен? Ај, деновиве ќе биде уште поинтересно“, напиша Героски.

Поврзани содржини