„УБАВИЦА!“ Русите ја фалат републиканката што гласаше против американската помош за Украина
Мерџори Тејлор Грине една од водечките републиканки кои го поддржуваат Трамп и е позната по тоа што застапува бројни теории на заговор и силно се спротивставува на американската помош за Украина.
Американската републиканска претставничка Мерџори Тејлор Грин стана популарен лик во Русија откако гласаше против испораката на нов пакет американска помош од 60 милијарди евра за Украина, објави Њусвик.
Една од главните протагонисти на Кремљ, главната уредничка на рускиот медиум РТ, Маргарита Симонјан ја пофали Тејлор Грин додека зборуваше на телевизија заедно со водителот Владимир Соловјов, една од најистакнатите фигури во медиумите поддржани од Кремљ.
Маргарита Симонјан исто така ја нарече Грин „убавица“.
Грин е една од водечките републиканки кои го поддржуваат Трамп и е позната по тоа што застапува бројни теории на заговор и силно се спротивставува на американската помош за Украина.