Спортската новинарка која што машката јавност најмногу ја сака, Дилета Леота, јасно зборува за гласините за кои ја поврзуваа со 38-годишниот Златан Ибрахимовиќ.
Дилета претходно се појавила во една реклама заедно со ѕвездата на Милан, па набрзо почнале да се шпекулира дека постои нешто помеѓу нив, иако таа тогаш била во врска со италијанскиот боксер, а Златан одамна е во брак.
Во интервјуто за еден италијански магазин, Леота конечно ја разјаснила ситуацијата:
– Да бидеш со зафатен маж е неприфатливо за моите принципи, покрај целиот избор за светот мораш да имаш свест да не се доведеш до погрешни ситуации – изјавила Леота меѓу другото.
– Сега сум слободна. Отсекогаш сум била верна, морам само да соберам храброст да на направам простор за длабинско запознавање на себе и за доносење важни избори, за да можам да бидам сама на софата и да гледам филм, а никому да не морам да одговарам – изјавила убавата Дилета. во животот“.
Дилета исто така го искоментирала и крајот на својата врска со боксерот Даниел Скардини:
– Не негирам ништо, меѓу нас постоеше длабока љубов – рекла Дилета.
Потоа се осврнала и на тешкиот период што го поминала кога штотуку впловила во светот на спортското новинарство и кога се појавила на малите екрани, коментирајќи ги најголемите натпревари во Италија и интервјуирајќи ги најголемите спортски ѕвезди, а меѓу нив бил и Кристијано Роналдо.
– На почеток не беше лесно, колегата исто така ми рече „те донесоа тука поради градите“, но поради таа причина сигурно не го напуштив „Скај“… Одлучив да одам во „ДАЗН“ затоа што тоа беше нов предизвик и јас чувствував дека пазарот на сателитската телевизија почна да се менува – заклучила таа.
View this post on Instagram
‘’Scegli di sorridere’’ io riparto sempre da li… buona la prima! #SerieA
ФОТО: Instagram