УБАВА ВЕСТ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА РАКОМЕТОТ Вардар утре ќе игра пред публика против Загреб

Двата тима многупати досега играле меѓусебно, не само во СЕХА лигата туку и во Лигата на шампионите. Но. Сето тоа е минато, имајќи в предвид пред дека двата тима се видно изменети во играчкиот состав.

254

Актуелниот македонски ракометен првак Вардар утре ќе го одигра првиот меч од четвртфиналната рунда во регионалната СЕХА лига. „Црвено-црните“ во СЦ Јане Сандански го пречекуваат хрватскиот ППД Загреб во првата четвртфиналната пресметка.

Двата тима многупати досега играле меѓусебно, не само во СЕХА лигата туку и во Лигата на шампионите. Но. Сето тоа е минато, имајќи в предвид пред дека двата тима се видно изменети во играчкиот состав.






– Играме со Загреб, мислам дека тоа е најизедначениот пар од оваа фаза во СЕХА. Мислам дека за конечниот победник ќе бидат потребни 120 минути, нема да биде ништо решено на првиот меч. Тие доаѓаат во добра форма, ние полека ја креваме формата. Мене ме радува дека ќе има гледачи на нашиот натпревар. Не размислувам за победа, реми или пораз, колку голови ни е потребно, туку да одиграме еден одличен натпревар за да елиминираме силна екипа како Загреб – изјави Вујовиќ.

И како што најави Вујовиќ, по подолго време вардарци ќе имаат и поддршка од трибините и тоа не повеќе од 1.800 гледачи односно 30% од капацитетот на салата, а се по вчерашната одлука на Владата да дозволи присуство на публика на спортските терени, разбирливо според постоечките ковид-мерки. Ракометниот гигант за сите заинтересирани кои сакаат во живо да го проследат овој натпревари на својата интернет страна ги објави сите потребни протоколи.

Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб што ќе се игра утревечер во СЦ Јане Сандански ќе започне во терминот од 20 часот и 15 минути.

Поврзани содржини