УБАВА ХРВАТКА КОЈА БЕШЕ МИС НА ЧИЛЕ, СЕГА ВОДИ КУЛИНАРСКА ЕМИСИЈА Која е Тонка Томичиќ Петриќ?

- Ги обожавам традиционалните хрватски слатки и пити што ги правеа баба ми и мајка ми - рекла пред почетокот на новото телевизиско реално шоу за готвење, „Ел Интернадо“ („Интернат“), 49-годишната Тонка Томичиќ Петриќ, позната чилеанска ТВ водителка со хрватско потекло чии родители потекнуваат од Хвар исто како и чилеанскиот претседател Габриел Бориќ.

83

Во Чиле е најавено ново телевизиско реално шоу за готвење, „Ел Интернадо“ („Интернат“), кое ќе го води 49-годишната Тонка Томичиќ Петриќ, позната чилеанска ТВ водителка со хрватско потекло.

Емисијата, која наскоро ќе ја лансира приватната телевизија Мега, ќе вклучува натпревар помеѓу 18 познати личности од Чиле и странство – но повеќето од нив имаат многу малку или никакво кулинарско знаење. Томичиќ Петриќ ќе ја води програмата заедно со професионалниот готвач Јан Јивин.






Пред премиерата, водителката се потсетила на своите корени и на вкусовите од детството.

– Ги обожавам традиционалните хрватски слатки и пити што ги правеа баба ми и мајка ми, рекла таа. Нејзините родители, Марија и Антонио, се по потекло од островот Хвар – исто како и чилеанскиот претседател Габриел Бориќ.

Чиле денес има околу 200.000 Хрвати и нивните потомци. Првите емигранти пристигнале во втората половина на 19 век, претежно со бродови од Далмација, во потрага по работа и подобар живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tonka Tomicic (@tonkatomicicpetric)

Родена во Сантијаго, Тонка Томичиќ Петриќ станала позната во 1995 година, кога била чилеанска претставничка на изборот за Мис на светот. Оттогаш, таа изградила успешна телевизиска кариера, а нејзината биографија открива широк спектар на интереси – на својот Јутјуб канал се опишува себеси како „дизајнер, модел, забавувачка, танчерка, готвачка, страсна читателка, речиси секојдневна вежбачка, сестра, пријателка, тетка, ќерка и љубителка на кучиња“. Таа има над милион и пол верни следбеници на Инстаграм.

Поврзани содржини