Љубљана со генијална идеа, несовесните возачи завршуваат на билборд (ФОТО)

Со оваа генијална постапка, властите на главниот град на Словенија станаа хит на социјалните мрежи, а истата кампања би било добро да се спроведе и кај нас...

485

Главниот град на Словенија, Љубљана воведе новитет во „битката“ со несовесните возачи кои се паркираат на места за инвалиди, не пропуштаат пешаци и слични сообраќајни прекршоци.

Со оваа генијална постапка, властите на главниот град на Словенија станаа хит на социјалните мрежи, а истата кампања би било добро да се спроведе и кај нас…






Имено, Љубљана решила секој неодговорен возач кој ќе се паркира на место резервирано за автомобили на лица со инвалидитет, но и слични прекршоци, да го „објави“ на градски билборд со наведениот сообраќаен прекршок, за сите да знаат за кој станува збор.

Ова, како што многу корисници на социјалните мрежи го нарекоа „табла на срамот“ е одлична работа бидејќи секојдневно сме сведоци на возачи со „бесни“ автомобили кои паркираат на места кои не се наменети за нив.

– Во Љубљана, освен што парично те казнуваат поради паркирање на места за инвалиди и слично, ти го објавуваат името на билборд со сторениот прекршок, да знае цел град дека си говедо. Браво Љубљана – гласи твитот кој стана вистински хит на оваа социјална мрежа.

Поврзани содржини