Полицијата вчера го лиши од слобода Д.А.(24) од Македонска Каменица, бидејќи во казино пуштил во промет фалсификувана банкнота од 100 евра.
Според пријавеното во Полициското одделение, Д.А. дошол во казиното и од вработената побарал да му ги замени еврата за денари, а откако си заминал таа забележала дека еврата се фалсификувани.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.