УАПСЕНИ УШТЕ ДВАЈЦА ОД ПРОТЕСТОТ ВО МАЛА РЕЧИЦА Досега вкупно петмина приведени

Петте лица се задржани во полициската станица во Тетово. Се документира случајот и во координација и консултација со Јавен обвинител се изготвува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

387

Тетовската полиција денеска приведе уште две лица поради учество во вчерашниот настан во Мала Речица кога група луѓе се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ. Со тоа досега пет лица се лишени од слобода.

– Денес претпладне се лишени уште две лица В. А, роден 1988 и А. Ш, роден 1991 двајцата од Тетово. Петте лица се задржани во полициската станица во Тетово. Се документира случајот и во координација и консултација со Јавен обвинител се изготвува соодветен поднесок – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






Полициски службеници на СВР Тетово вчера лишија од слобода двајца мажи од Тетово и од Кичево, а вечерта и едно лице од Мала Речица поради нивна инволвираност во протестот.

Инцидентот следуваше по протестниот марш од плоштадот до општината со кој се побара одговорност за 14 лица кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница. Група млади лица го продолжи маршот кон Мала Речица при што насилно се обидоа да го поминат полицискиот кордон. Притоа повредени беа четворица полициски службеници.

Во полицискиот билтен МВР информира дека на 17.09.2021, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(31) од с.Туин, кичевско, Н.Б.(52) од с.Мала Речица, тетовско и Џ.С.(33) од с.Вешала, тетовско, а денеска (18.09.2021) и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово, затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на протест што се одржал на 17.09.2021 во Тетово, во периодот од 13.50 до 16.30 часот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани содржини