УАПСЕНИ ТРОЈЦА НЕГОТИНЦИ ЗА НАСИЛСТВО Еден тепал девојка, а другите двајца полицајци

Еден неготинец е приведен затоа што ја нападнал својата девојка, а други двајца се уапсени за напад врз полицајци, информира денеска СВР Велес.

339

Синоќа во 20 часот полициски службеници од ОВР-Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, затоа што физички ја нападнал неговата 37-годишна девојка. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Велес.

Нешто подоцна, во 02.10 часот изутринава на улица Илинденска во Кавадарци полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР-Кавадарци ги привеле П.К.(23) од село Тимјаник, неготинско и Д.М.(26) од Неготино, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани содржини