Уапсени сопственици на кафеана поради свадба со 200 гости

Сопствениците постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости - информираат од МВР.

447

Ноќеска полицијата уапсила тројца сопственици на кафеана во Тетово, бидејќи организирале свадба со околу 200 гости.

– На 18.07.2021 во 03.05 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик. Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости – информираат од МВР.

Поврзани содржини