ШЕСТМИНА ОД АРМИЈАТА НА БиХ ВО АПС Се сомничат за убиство на 56 цивили од српска националност во војната во 1992 година

Во текот на истрагата беа собрани докази дека шестмината уапсени учествувале во нападот на селото Јошаница кај Фоча, уништувањето имот и убивањето на цивили.

386

Шест поранешни припадници на Армијата на Босна и Херцеговина денеска се уапсени на подрачјето на Сараево и Горажде под сомнение дека извршиле воени злосторства врз цивилното население, потврди Обвинителството на БиХ.

Осомничените се членови на Вишеградската бригада на Армијата на БиХ, што дејствуваше во источниот дел на БиХ. Тие се осомничени за учество во злосторствата извршени во селото Јошаница кај Фоча. Во декември 1992 година, таму беа убиени 56 цивили од српска националност, меѓу кои и жени и деца.






Во текот на истрагата беа собрани докази дека шестмината уапсени учествувале во нападот на селото, уништувањето имот и убивањето на цивили.

Поврзани содржини