УАПСЕНИ СЕ ЛИКВИДАТОРИТЕ НА ЕСКОБАР Соучесничка во убиството е и малолетничка
Ранко Радошевиќ Ескобар беше убиен на 9 март кога беше застрелан додека седел во кафуле на бензинската пумпа во Рушње.
Стефан З.(28) и Лука В.(26) се уапсени под сомнение дека го убиле Ранко Радошевиќ Ескобар. Полицијата со ефикасна операција ги пронајде стан во Штек во Нов Белград.
Српските медиуми објавија дека, со нив во станот имало и малолетно девојче, кое е уапсено поради соучесништво.
Во тек се претрес на станот, во кој како што објавија медиумите е пронајдено оружје.
Ранко Радошевиќ Ескобар беше убиен на 9 март кога беше застрелан додека седел во кафуле на бензинската пумпа во Рушње.
Двајца мажи, со качулки и хируршки маски, беа видени на камерите за видео надзор. Се сомнева дека се работи за најмени убијци.
Ескобар е познат како водач на кланот Никшиќ, кој тесно соработува со кланот Шкалјар. Неговото име се споменуваше и по апсењето на кланот Беливук, кога едно од пронајдените возила беше поврзано со Радошевиќ.