УАПСЕНИ СЕ ЧЕТВОРИЦА РУСКИ ТИНЕЈЏЕРИ Во Екатеринбург е спречен терористички напад

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација информира дека привела четворица руски државјани, родени во 2007 и 2008 година, кои ги споделувале идеите за терористичка организација забранета на територијата на Русија.

347

Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека привела четворица руски државјани кои планирале да извршат терористички напад на местата каде има масовно собирање граѓани во градот Екатеринбург.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација приведе четворица руски државјани, родени во 2007 и 2008 година, кои ги споделуваат идеите за терористичка организација забранета на територијата на Русија и кои планирале да извршат терористички акт користејќи импровизирана експлозивна направа на места за масовно собирање граѓани во градот Екатеринбург“, се наведува во соопштение од службата.






Се посочува дека двајцата уапсени учествувале и во палење на службениот автомобил на Главната управа на Министерството за внатрешни работи на Русија за регионот Свердловск.

Поврзани содржини